Со протести одбележана годишнината од крвавите демонстрации во Чиле

Од:

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на главниот град на Чиле, Сантијаго да ја одбележат годишнината од масовните демонстрации во кои минатата години загинаа над 30 луѓе, а повредени беа илјадници лица.

Голем број од демонстрантите носеа транспаренти на кои пиушуваше „ДА“, со што ги повикуваат граѓаните в сабота на референдум да гласаат за измени на Уставот, кој датира уште од ерата на диктатурата на Пиноче.

Демонстрациите набрзо станаа насилни, а учесниците запалија најмалку две цркви.

Чиленаскиот министер за внатрешни работи Виктор Перез ги повика грашѓаните на излезат на референдумот, што е закажан на 25 октомври и мирно да гласаат.

– Сите кои се однесуваат насилно не сакаатда дозволат Чилеанците да ги решаваат своите проблеми со инструментите на демократијата, посочи Перез.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера