Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за надорешна политика, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се предлог законите за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот, на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Црна Гора, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти, како и на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Република Србија.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжат расправата по Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, како и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се точките за кои ќе расправаат и комисиите за надворешна политика и за одбрана и безбедност.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска