Груевски: Огласот за функционери можност да се дојде до најспособните

Од:

Огласот за вработување функционери и дипломати не го објавуваме зашто мораме, туку зашто сакаме да дојдеме до најспособните, најквалитетни луѓе кои сакаат и се подготвени да извршуваат јавни функции, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на објектот „Вила Тиквеш“ во Стар Дојран, сопственост на АД ЕЛЕМ.

Втората клучна причина поради која се објавува огласот, напомена Груевски, е промовирањето политика на отворени врати. Секој, независно од неговата политичка, партиска, етничка, религиозна или каква било друга припадност, ќе биде прифатен доколку поседува висок квалитет на знаење и капацитет да раководи со значајна државна институција.

– Ова е одлична шанса за луѓето кои не ги познаваме, а имаат големо знаење, капацитет, квалитет и искуство. Како Влада законски не бевме обврзани да објавиме оглас, изборот можевме да го направиме едноставно со назначување некое лице на одредена позиција, но се одлучивме за ваков чекор за да привлечеме колку што е можно поквалитетни кадри, истакна премиерот.

Тој подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија не сака да се затвори, напротив сака да се отвори уште повеќе.

Пред посетата на објектот „Вила Тиквеш“, премиерот Груевски присуствуваше на поставувањето камен-темелник со кој и официјално беше означен почетокот на изградбата на ветерниот парк на ЕЛЕМ во Богданци.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка