Путин разговараше со саудискиот принц за ОПЕК и епидемијата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд разговараа за договорот во рамките на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта), како и за подготвеноста на двете страни да продолжат да работат заедно на ова поле, соопшти денеска Кремљ.

– Првиот разговор меѓу Путин и Ал Сауд се одржа на 13 октомври, а сега тие имаа интензивна размена на мислења за спроведувањето на договорот во рамките на ОПЕК, соопшти прес-службата на Кремљ.

Покрај оваа тема, Путин и Ал Сауд разговарале и за борбата против коронавирусот и можната примена на вакцината Спутник V, што ја развиваат Русите.

– Претседателот и принцот разговараа за соработка во борбата против Ковид-19 и изгледите за употреба на вакцината Спутник V во Саудиска Арабија, додаде прес-службата на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов