Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсис денес во посета ја прими германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Ватикан.
-Во текот на разговорот зборуваа за долгата историја, односот помеѓу Светата столица и Германија. Нагласија некои заедички теми, како општествената, политичката, економската и верската ситуација во Европа и светот-стои во соопштението.
Ватикан додаде дека папата и Меркел во текот на 45-минутиниот разговор зборувале и за борбата за човековите права, прогонот на христијаните, верската слобода и меѓународната соработка.
Приватната посета се случи во библиотеката во апостолската палата во Ватикан, во присуство на преведувачи.
Елена Георгиевска