Вицепремиерот Битиќи оди во самоизолација поради контакт со заразен од Ковид-19

Од:

Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори, оди во изолација поради контакт со заразено лице од коронавирусот.

Тој на својот профил на „Фејсбук“ сподели дека по неколку дена ќе направи тест, а дека засега се чувствува добро.

„Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови.
Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик.
Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично.
Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби.
Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет.
Бидете здрави и живи и ова ќе помине“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички