Во САД уапсен поранешен министер за одбрана на Мексико

Од:

Поранешниот мексикански министер за одбрана, генерал Салвадор Синфуегос, кој беше шеф на тој оддел шест години за време на владеењето на претседателот Енрике Пења Нието, беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес по наредба на Американската агенција за контрола на наркотици (ДЕА).

Портпаролката на ДЕА, Никол Нишида потврди дека Синфуегос (72) е уапсен, но не прецизираше под кои обвиненија.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард на Твитер напиша дека американскиот амбасадор во Мексико, Кристофер Ландао, го информирал за апсењето. Тој најави дека мексиканскиот конзул во Лос Анџелес ќе го извести во следните часови за обвинувањата кон поранешниот министер, кому ќе му биде понудена конзуларна помош.

Висок мексикански службеник изјавил дека Синфуегос бил уапсен кога пристигнал на аеродромот со членовите на неговото семејство, кои биле ослободени.

Бројни членови на владата од времето на Пења Ниета биле вклучени во случаи на корупција на високо ниво, од кои некои вклучуваат врски со организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија