Викторија Азаренка од Белорусија со 6:4; 1:6 и 6:3 ја победи Саманта Стосур (Австралија) во последното четвртфинале од тенискиот турнир во Рим кој има награден фонд од 2,3 милиони долари.
Противничка на Азаренка во полуфиналниот меч ќе биде Италијанката Сара Ерани која без борба влезе во „четворката“, бидејќи Марија Шарапова (Русија) и го предаде четвртфиналниот меч поради повреда.
Резултати на другите две четвртфинални пресметки:
Симона Халеп (Романија) – Јелена Јанковиќ (Србија) 4:6; 6:0 и 7:5, Серена Вилијамс (САД) – Карла Суарез Наваро (Шпанија) 6:3 и 6:0.
Второто полуфинале ќе го сочинуваат Вилијамс – Халеп.