ХРВ бара казна за функционери од Сирија и Русија поради напади врз цивили во Сирија

Од:

Нападите врз цивилни цели за време на сириско-руската офанзива во регионот Идлиб може да претставуваат злосторства против човештвото, соопшти денеска Хјуман рајтс воч (ХРВ) и побара меѓународни санкции против највисоките команданти на воените операции во Сирија и Русија.

Во извештајот на 167 страници „На мета животот во Идлиб“, невладината организација документирала 46 воздушни и копнени напади врз цивилни објекти во овој регион во северозападна Сирија.

Овие напади се „слични на воени злосторства и може да претставуваат злосторства против човештвото“, наведува ХРВ.

Нападите ги извршила сириската армија со руски сојузник меѓу април 2019 и март 2020 година, кога загинале најмалку 224 цивили, додава невладината организација со седиште во Њујорк, прецизирајќи дека тоа е дел од нападот врз цивилното население во тој период.

– Нападите на сириско-рускиот сојуз врз болници, училишта и пазари во Идлиб сведочат за немилосрдното занемарување на животите на цивилите, изјави директорот на ХРВ, Кенет Рот.

Тој оцени дека „овие нелегални напади се дел од воената стратегија чија цел е уништување на цивилната инфраструктура и протерување на населението со цел на сириската влада да ѝ се олесни да ја врати контролата“.

Воената операција во Идлиб, последното упориште кое не е заземено од страна на силите на Башар ал-Асад, принуди третина од трите милиони жители да го напуштат регионот.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он