Џејкоб Лу: САД можат да ги покријат буџетските обврски без кревање на плафонот на долгот

Од:

САД ќе можат да ги исполнат своите буџетски обврски до почетокот на септември без да се крева плафонот на долгот, што е предмет на жестока битка во Конгресот, соопшти министерот за финансии Џејкоб Лу, цитиран од агенциите.

Вонредните мерки на администрацијата на Обама, за да се избегне прогласувањето инсолвентност на земјата, „нема да се исцрпат пред Денот на трудот“, 2 септември, пишува Лу во писмото до шефовите на Конгресот.

На почетокот на годината САД го достигнаа законскиот лимит за државниот долг, што тогаш беше 16,39 трилиони долари.

Теоретски земјата не може да зема кредити над овој плафон. Републиканците, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, одбиваат да се крева плафонот на долгот.

За да се избегне платежната неспосбност Конгресот на почетокот на февруари, сепак, изгласа предлог закон што ја укинува обврската државниот долг да биде под овој законски праг до оваа сабота.

По овој датум плафонот на долгот на САД ќе биде кренат до своето сегашно ниво (16,69 трилиони долари), но тоа нема да биде доволно за на земјата да и дозволи да функционира во нормални услови, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари