Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Рим, совладувајќи го Полјакот Јержи Јановиќ со 2:0 во сетови – 6:4, 7:6 (7:2).
Противник на моментално третиот тенисер во светот, во полуфиналето ќе му биде Французинот Пер Беноа.
Во второто полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата, Рафаел Надал и чешкиот тенисер Томаш Бердих.
Надал беше подобар од Давид Ферер – 6:4, 4:6, 6:2, а Бердих неочекувано го победи првиот рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ, исто така во три сета – 2:6, 7:5, 6:4.
Мастерсот во Рим се игра за вкупен награден фонд од 3,2 милиони евра.