Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја продлабочува соработката со Платежните агенција на Бугарија

Од:

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во Софија се сретна со неговиот бугарски колега Васил Грудев. Двајцата директори разговараа за начинот на прилагодување и приближување на АФПЗРР, кон заедничката земјоделска политика на Европската Унија.

Директорот Бабовски, истакна дека договорена е размена на искуства помеѓу двете институции, преку практична примена и обукии, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-За нас е од исклучителна важност проширувањето на соработката со Платежните Агенции на земјите членки од ЕУ. Ова е продолжување на веќе воспоставените соработка со Платежните Агенции на Хрватска и Словенија. На овој начин, правиме се за да ги добиеме најдобрите искуства од сите Платежни агенции кои веќе се дел од ЕУ, истана Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во наредниот период ќе црпи искуство, за начинот на спроведување на земјоделските политики по европски стандарди и имплементирање на европското законодавство. Целата е навреме да се воспостави институционален систем кој ќе може да работи по правилата кои се утврдени од страна на ЕУ а се во насока Република Северна Македонија подготвена да ги дочека преговорите со ЕУ како и стекнување на статусот полноправна членка.

Директорот на Платежната Агенција на Бугарија, Грудев истакна дека спроведувањето на шемите и механизмите за финансиска поддршка и апсорпција на европските средства се од огромно значење не само за Бугарија туку и за цел регион.

-Преку модернизација на земјоделските стопанства се зголемува конкурентноста на земјоделските стопанства на двете земји. Бугарија има искуство во градење на административен капацитет на Платежната Агенција како модел на европска институција која строго управува и го контролира трошењето на европските средства, рече Грудев.

Двајцата директори договорија и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете Платежни Агенции со кој практично ќе се овозможи и продлабочување на соработката се со цел полесно прилагодување кон сите системи на Европската Унија и можноста за искористување на што повеќе средства кој ќе ни бидат на располагање.

Би можело да ве интересира

Исплатени над 575 милиони денари субвенции за лозарите

Ана Ололовска

Продолжен рокот за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Ана Ололовска

Исплатени близу 22 милиони денари за плати за овчарите

Ана Ололовска

Отворен нов јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

Ана Ололовска

На располагање нови средства за развој на рибарство и аквакултурата, отворени два нови повика

Ана Ололовска

АФПЗРР: Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Ана Ололовска