Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по суви коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот повторно се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се поставени две табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Според известување на градежната фирма ГРАНИТ, поради свлечиште во должина од 150 метри кај месноста Фариш на патниот правец Градско – Прилеп, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента. И според Македонијапат, на патниот правец Прилеп – Кавадарци (Р106) еден километар пред тунелот Фариш сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште во должина од 100 метри. За безбедно одвивање на сообраќајот пред и по свлечиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска