Концерт на Борче Наумоски-гитара во рамки на „Златна лира“

Од:

Гитаристот Борче Наумоски вечер ќе одржи солистички рецитал во рамки на фестивалот „Златна лира 2020“, што го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20 часот.

Борче Наумоски дипломирал класична гитара на ФМУ во Скопје во класата на професорот Војислав Ивановиќ. Постдипломските студии по гитара ги продолжил на ФМУ при Државниот универзитет во Белград, Србија, кои ги завршува во 2010 година во класата на професор Срѓан Тошиќ.

Неговото уметничко портфолио опфаќа низа солистички настапи и рецитали во земјава, Бугарија, САД и други земји. Репертоарот на Наумоски го сочинуваат дела од ренесансата до музиката на дваесеттиот век. Наумоски работи како доцент на ФМУ во Скопје каде ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитари, а своите искуства ги пренесува и на најмалите ученици, како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска