Кандидатката на Трамп за судијка во Врховниот суд избегна да се изјасни за геј-браковите

Од:

Кандидатката на американскиот претседател Доналд Трамп за Врховниот суд, Ејми Кони Барет денеска на сослушувањето во Сенатот изјави дека нејзините религиозни убедувања нема да влијаат на нејзините одлуки и одби да каже дали некои значајни пресуди, како на пример легализирање на абортус или истополови бракови, се правилно донесени.

Републиканскиот претседател ја номинираше 48-годишната Барет на 26 септември за наследничка на починатата либерална судијка Рут Бадер Гинсбург.

Демократските законодавци во 22-члениот Комитет за правосудство во Сенатот, исто така, инсистираа таа да се изјасни за Законот за достапно здравство на поранешниот претседател Барак Обама, т.н. „Обамакер“, и заштитата на пациенти со хронични здравствени проблеми, убедени дека Барет не го поддржува.

Соочена со прашања, Барет одби да коментира дали, што се однесува до случајот „Обамакер“, ќе се повлече од таа дебата, како што бараат демократите, нагласувајќи само дека не станува збор за прашање на кое може да одговари во принцип.

Таа објасни дека на 10 ноември е закажано ново сослушување за случајот „Обамакер“ и дека станува збор за поинакво правно прашање во споредба со двете претходни одлуки на Врховниот суд во врска со ова, кои еднаш ги критикуваше. Таа одби да одговори како би му пристапила на новиот случај, а станува збор за барање на претседателот Трамп и федералните држави до републиканските власти за укинување на законот на Обама од 2010 година.

Запрашана за законот за абортус од 1973 година, Берет истакна дека, како и во другите правни случаи, ќе разгледа повеќе фактори.

– Ветувам дека во кој било случај, без разлика дали е абортус или нешто друго, ќе го следам законот, рече Берет.

На прашањето на демократите дали смета дека одлуката на Врховниот суд за легализирање на истополови бракови од 2015 година е правилно донесена, таа одговори дека „нема никаква агенда“.

– Сакам јасно да дадам до знаење дека никогаш не сум дискриминирала никого врз основа на сексуална ориентација и дека никогаш не би го сторила тоа, додаде Берет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија