Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е елиминар од четвртфиналето на тенискиот турнир во Рим.
Во борбата за полуфинале Ѓоковиќ се сретна со шестиот тенисер во светот, Томаш Бердих кој по 2 часа и 22 минути и три сета, беше поуспешен во меѓусебниот дуел. Новак првиот сет го доби лесно со 6:2, но во следните два со 7:5 и 6:4 поуспешен беше Чехот.
Кај дамите Серена Вилијамс славеше над Наваро, а пласман понатаму обезбеди и Ерани откако Шарапова го предаде мечот.