Лагард: 0,5 проценти од светската популација поседува 35 проценти од богатсвото

Од:

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изрази загриженост од зголемувањето на нееднаквата распредлба на богатсвото во светот, истакнувајќи дека 0,5 отсто од светската популација поседува дури 35 проценти од богатството.

– Тенденцијата на зголемување на разликата меѓу богатите и сиромашните не мина незабележано. Арапската пролет и движењето „Окупирајте го Волстрит“, иако различни, беа делумно мотивирани од ваквата тенденција, изјави Лагард на конференција во Вашингтон посветена на борбата против сиромаштијата.

Во 2011 година, кога е формирано движењето „Окупирајте го Волстрит“ еден процент од популацијата во САД поседувале 18 отсто од вкупните бруто приходи, додека пред 25 години овие приходи биле во рацете на осум проценти од Американците.

– Зголемувањето на нееднаквата распределба на приходите е се почеста тематика на политичките структури низ целиот свет, истакна директорката на ММФ.

Според Лагард, во развиените земји влијанието на буџетските политики на нееднаквоста бележи намалување од 2000 година.

Намалувањето на бројот на случаите на даночно затајување и зајакнатата борба против неплаќачите на данок би им овозможиле на државите собирање средства од данок и обезбедување постојан извор на приходи, нагласи Лагард.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката