Едно лице загина во сообраќајката во скопско Трубарево

Од:

По тешката сообраќајна несреќа во скопско Трубарево, загина 40-годишен жител на селото Долно Лисиче. Тој починал на лице место откако 72-годишен скопјанец, со „бмв“ удрил во него и малолетен пешак.

„Во несреќата учествувале патничко возило ‘бмв’, со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишнен маж од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор „баутијан“, управуван од 40-годишен маж од од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата. Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда“, велат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

25-годишен маж загина во сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица

Возач во Москва удри во група пешаци, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници

Тројца од повредените кај Белградскиот саем се во животна опасност