Финале за Кожув или мајсторка за Работнички

Од:

Дали МЗТ ќе го добие Кожув како противник во финалето, или ќе се игра „мајсторка“ во Градскиот парк во недела, ќе се дознае по одигрувањето на третиот натпревар од полуфиналето во кошаркарскиот плеј-оф меѓу Кожув и Работнички. Моменталниот резултат е 2-1 во победи за гевгеличани.

Средбата е закажана за вечерва во 19 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија.
Работнички со триумфот во Скопје во вторникот ја продолжи сезоната и намали во полуфиналната серија. Кожув вечерва ќе ја добие својата втората „меч-топка“ за пласман во прво финале во историјата на клубот и тоа во својата сала, пред своите навивачи.

Марјан Србиновски тренерот на Кожув се надева дека неговите кошаркари ќе можат да ја повторат играта од вториот дел од натпреварот во Скопје и успешно да ја завршат полуфиналната серија.

Хендикеп за тимот на Кожув ќе биде тоа што Слободан Божовиќ поради исклучувањето од минатиот натпревар, вечерва нема да може да биде во составот поради суспензија, но проблеми со составот има и Работнички, кој ќе настапи без Лемир Голдваер и Марјан Ѓуров, додека Џон Шарпер е се уште неизвесен.

Во случај Кожув да победи, финалето помеѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе почне в недела од 19 часот во Скопје. Во спротивно, доколку Работнички успее да слави, „мајсторката“ меѓу Работнички и Кожув ќе се игра во истиот термин (недела од 19 часот).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ