Спасувач од Мајами, Томас Лопез (21) отпуштен е од работа затоа што спасил живот на пливач кој се давел надвор од зоната во која работел.
– Кога слушнав дека човекот се дави не можев да кажам не и да го оставам да се удави, изјави Лопез.
Меѓутоа, неговите шефови наведуваат дека ги прекршил правилата на компанијата и дека со излегувањето од својот дел на плажата ги изложил на опасност другите пливачи.
Тројца колеги на Лопез дадоа отказ во знак на протест поради одлуката на компанијата.
– Според правилата на компанијата имаме обврска да не излегуваме од заштитната зона за која сме одговорни, истакна една од спасувачките, Сузан Елис.
На момчето, кое пред неколку дена доби отказ понудено му е да се врати на работа, но тој рече дека тоа не планира.
– Едно поглавие од мојот живот е затворено, сакам да завршам училиште и да продолжам со мојата кариера, посочи Лопез.