На Табановце запленети 16 килограми марихуана

Од:

Цариниците запленија 16 килограми марихуана на граничниот премин Табановце, која се обидел да ја пренесе албански државјани скриена во плинската боца од автомобилот.

Како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, тие се пријавиле за излез од Македонија вчера во 15 и 30 часот со автомобил марка „голф“ со албански регистарски таблички управувано од Ш.В. при што посочиле дека немаат ништо да пријават. Патувале, како што одговорил возачот, од Албанија преку Косово за Белград, каде посочил дека оди кај својата девојка.

Поради невообичаеното нервозно однесување, царинските службеници одлучиле да извршат детален преглед, при што  е утврдено дека во багажниот простор има уредно поставена плинска боца која дава индикации дека е полна со гас, но истовремено и  резервоарот на возилото е полн со бензин.

Ова било доволен мотив за да се пристапи кон демонтирање на плинската боца и темелен преглед. По вадење на вентилот и испуштање на гасот, утврдено е дека во внатрешноста на плинската боца има уште една боца до која царинските службеници дошле со сечење со бонсек. Нејзината внатрешност била полна со марихуана, што било потврдено со тестирање за дрога, со вкупна тежина од 16 килограми.

По откривање на случајот и прибирање првични сознанија, со брза акција на царинските инспектори од Одделението за истраги и Одделението за оперативни работи, во близина на Кичево се лоцирани уште три лица со иницијали Е.Б., М.М. и Г.Д., тројцата албански државјани. Сопственик и организатор на транспортот на дрогата бил осомничениот Е.Б. на кој му помогнале и лицата М.М. и Г.Д.

Според изјавата на осомничениот В.С. дадена во текот на информативниот разговор, сите осомничени лица меѓусебно се познавале подолго време. В.С. пред околу две години позајмил 1.500 евра од лицето Е.Б.  Поради тоа што не можел да ги врати позајмените пари, Е.Б. побарал од него за возврат да пренесе марихуана до Италија. На 15 април 2013 година по претходен договор, осомничениот В.С.  отишол во авто механичарскиот сервис во кој работеле лицата Е.Г и М.М. за да го земе возилото марка голф 4 во кое Е.Б со помош на останатите осомничени М.М. и Г.Д. во внатрешноста на плинската боца претходно ја сокриле марихуаната. За потребите на патувањето Е.Б. на В.С. му изготвил фалсификувана меѓународна возачка дозвола и го префрлил возилото на негово име.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а сторителите се изведени пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски