Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на синоќешната средба со претседедателот на САД Барак Обама изрази оптимизам за решавање на кипарското прашање.
– Сметаме дека имаме голема можност за постигнување на договор за кипарското прашање и тоа е област врз која продолжуваме да бидеме фокусирани, посочи Ердоган.
Преговорите за обединување на Кипар досега беа неуспешни, а турските претставници се надеваат дека новиот кипарски претседател Никос Анастасиадис, кој во 2004 година го поддржа планот на ОН, ќе ги придвижи работите.
– Оптимисти сме и работиме за решение и ги замолуваме САД дипломатски да не поддржат за решавање на кипарското прашање, наведе Ердоган.