Властите во Варшава подигнаа обвиненија против 23 лица од Полска заради обиди на интернет да продадат свои органи, воглавно бубрези, соопшти денеска полицијата.
Во акцијата спроведена ширум државата, полицијата приведе лица кои се во врска со околу 250 огласи на интернет во кои се нудат органи за продажба. Претрес е извршен на 95 локации и со 105 луѓе е извршен информативен разговор.
Полицијата наведува дека во следните етапи од истрагата ќе уапси и нови лица. Понудата за продажба во Полска се казнува со затвор од максимално една година.