Иран ги поддржува напорите на Турција за решавање на курдското прашање, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Иран, Саид Џалили.
Тој на вчерашната прес-конференција во Иранскиот конзулат во Истанбул нагласи дека Иран ги поддржува сите акции што ги презема Турција „за да го зачува единството“, имајќи го предвид повлекувањето на борците од Курдската работничка партија (ППК) од турска територија во рамките на мировниот процес.
– Сметаме дека безбедноста на Турција треба да биде како безбедноста на Иран, истакна Џалили, кој е главен ирански преговарач за нуклеарната програма на Техеран.
Во меѓувреме регионалната Влада на Ирачки Курдистан соопшти дека е против официјалниот став на централната ирачка Влада за повлекувањето на борците на ПКК на територијата на Ирак.
– Регионот никогаш не бил под контрола на која било земја, посочи портпароот на Влада на Ирачки Курдистан, Џабар Јавер.
Ирачката Влада вчера соопшти дека е вознемирена од префрлањето на бунтовниците од ПКК во Ирак, бидејќи со тоа се нарушува суверенитетот и безбедноста на земјата.
Официјален Багдад најави дека се подготвува да поднесе жалба поради тоа во Советот за безбедност на Обединетите нации.