Узбекистански државјанин уапсен поради помагање на терористи

Од:

Американските власти синоќа соопштија дека во сојузната држава Ајдахо уапсен е узбекистански државјанин под сомнение дека парично помагал една терористичка организација во Узбекистан.

Уапсениот Фазлидин Курбанов се товари и за намера да изработи експлозивна направа, но не се наведува од кој тип.

Според кривичната пријава 30-годишниот Курбанов од август минатата година до сега учествувал во завера со други лица кои собирале пари, компјутерски софтвер и друг вид на помош за терористичката организација Исламистичко движење на Узбекистан.

Имињата на другите завереници не се соопштени. Курбанов денеска во девет часот по локално време ќе биде изведен на суд во градот Бојзи, Ајдахо.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија