Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска изборија победа во шестиот натпревар од полуфиналето на плеј-оф конференцијата во НБА лигата против Голден Стејт и со 4:2 во победи се пласираа во конференциското финале на Запад.
Гостите натпреварот го решија во своја корист со 94:82, а најпрецизен кај победникот беше Тим Данкан со 19 поени, Леонард постигна 16, а Тони Паркер 13.
Најефикасен на натпреварот беше играчот на Голден Стејт, Стефан Кари со 22 поена.
Њујорк се избори за продолжување на полуфиналната серија со Индијана откако со 85:75 славеше на домашен терен.
Најефикасен на натпреварот беше Кармело Ентони со 28 поени.
Серијата сега е 3:2 во победи за Индијана, која на следниот натпревар е домаќин.