Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за септември 2020 година изнесува 33.621 денар.
Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.064,5 денари, на домување 1. 788,99, на хигиена 23.79,82, на превоз 2.466,69, на облека и обувки 2 138,02, на култура 1 066,79, додека на одржување на здравје 716,20 денари.
Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка беше 33 265,08 денари.
Висината на просечната бруто и нето плата за август и септември се уште не е објавена.