Прв позитивен случај на коронавирус кај осуденик во штипскиот затвор е регистриран денеска во здравтвениот билтен на Министерството за здравство.
Директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров, ја потврди информацијата. Тој вели дека во изолација се ставени девет осудени лица, еден вработен во Затвор Штип, додека на лекарот, стоматологот и на медицинскиот техничар во затворската амбуланта им е наложено да се тестираат.
-Немаме конкретни информации како осуденото лице се заразило, претходната недела имавме вработен позитивен на коронавирус, но може да биде и заразен од друго осудено лице, кое во изминатиот период користел викенд отсуство, во полуотворено одделение, по појавување на првите симптоми веднаш во консултации со затворскиот лекар е изолирано од останатите осудени лица. Во стабилна здравствена сосотојба е спроведен на Инфективно одделение, каде што му извршен преглед и дадена соодветно терапија, вели Тодоров.
Во штипскиот Затвор преземени се сите мерки и осудените лица, кои се ставени во изолација се наоѓаат во посебна просторија. Извршена е и дезинфекција на Затворот, а заразеното осудено лице било сместено во полуотвореното одделение, информира директорот.