Претставување на романот „Излегов“ на отец Пимен на Европската ноќ на литературата во Софија

Од:

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе се приклучи на деветтото издание на Европската ноќ на литературата во бугарската престолнина.

На настанот, кој ќе трае од 18 до 21.30 часот, македонскиот КИЦ во Софија во читателското гнездо MOVE.bg (ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе го претстави романот „Излегов“ на отец Пимен, кој оваа година беше преведен на бугарски јазик.

Делови од книгата ќе читаат актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов, а на присутната публика ќе и се обрати и авторот на книгата.

Европската ноќ на литературата секоја година се организира од различните културни институти и амбасади на различни локации во центарот на Софија. Публиката ги посетува тие читателски места (гнезда) каде што на секои 30 минути се повторува читањето на дел од избрана книга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска