Бочварски до бугарскиот амбасадор Ангелов: Посветени сме на изградбата на пругата кон Бугарија

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска пред бугарскиот амбасадор во државава Ангел Ангелов ги презентира капиталните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија, со посебен акцент на доизградба на железничкиот Коридор 8.

Бочварски потенцирал дека Владата останува силно посветена на изградба на пругата кон Република Бугарија и оти се преземаат сите потребни чекори и од технички и од финансиски аспект за нејзино довршување.

-Во текот на средбата со амбасадорот Ангелов разговаравме за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава, но посебен акцент ставивме на изградбата и модернизацијата на Коридор 8, што се од круцијално значење за унапредување на соработката меѓу двете земји. Го информирав амбасадорот за сите активности што ги преземаме за доизградба на пругата кон Република Бугарија и со оглед на тоа што станува збор за проект од особено значење за двете земји, се согласивме за потребата од зајакнување и интензивирање на нашата соработка, изјави Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот Бочварски и амбасадорот Ангелов разговарале и за зголемување на трговската размена меѓу двете држави и зајакнување на регионалната соработка.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: За 24 километри пруга кон Бугарија власта на СДСМ и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Пругата кон Бугарија завршува во тунел кој не води никаде, Владата ќе бара парите да се пренаменат за Коридорот 10

Катерина Ѓуровски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје