Гала оперски концерт ќе се одржи на 9 октомври на сцената на Националната опера и балет. Концертот ќе почне во 20 часот, а ќе диригира Иван Еминовиќ.
На концертот ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на Национална опера и балет.
Режисер е Дејан Прошев, а концерт мајстор Климент Тодороски. Хор мајстори ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Концертот ќе се одржи според протоколите за пандемијата Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на концертот. Билетите се во ограничен број и се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk .