Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ќе го посети Азербејџан, близок сојузник на Турција, за да разговара за конфликтите во Нагорно Карабах меѓу азербејџанската армија и ерменските сепаратисти, објави турското Министерство за надворешни работи.
Чавушоглу ќе престојува во „работна посета“ за време на која ќе се сретне со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и „ќе размени мислења за ситуацијата во ерменскиот окупиран регион Нагорно Карабах со неговиот азербејџански колега“, се вели во соопштението.
Судирите меѓу азербејџанските и ерменските безбедносни сили во Нагорно Карабах траат од 27 септември.
Вчера, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Турција, главниот сојузник на Азербејџан, да влијае на смирување на ситуацијата во областа околу која војуваат Азербејџан и Ерменија.