Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, повторно се најде во медиумските извештаи поради удирање на судија со топче во текот на мечот, а последниот инцидент се случи во четвртото коло на Ролан Гарос, каде тој попладнето играше против Русинот Карен Хачанов.
При еден одличен сервис на противникот, Ѓоковиќ се истегна колку можеше, но сепак не успеа да го врати сервисот и притоа го закачи топчето со работ од рекетот, лансирајќи го во главата на линискиот арбитар.
За разлика од контроверзниот случај на УС Опен пред еден месец, кога српскиот ас беше дисквалификуван откако погоди линиска судијка во вратот, овој пат немаше никакви дилеми за можна казна, затоа што ударот се случи за време на поенот и без никаков сомнеж за намера или невнимание.
Ѓоковиќ го доби мечот со 3:0 во сетови (6-4, 6-3, 6-3).