ВИДЕО: Шоуто на Троицки во Рим

Од:

Повеќеминутно шоу во режија на српскиот тенисер, Виктор Троицки е едно од најинтерестни случувања, кои предизвикаа големо внимание на турнирот во Рим.

Троицки иако убедливо загуби во второто коло на Мастерсот 1000 во Рим, со 6:1, 6:1 од Ернесто Гулбис, поразот го засени случувањето од почетокот на вториот сет.

Во последниот поен во првиот гем, на брејк топката на Гулбис, судијата Седрик Муриј процени дека топчето завршило во аут. Додека Гулбис отиде на клупате за да се освежи, српскиот тенисер остана на теренот за да ја чека конечната одлука на францускиот судија, кој се симна од столчето за да потврди, бидејќи линиските судии не се огласија.

Судијата не го промени своето мислење, па Троицки ја прескокна мрежата и започна расправа. Постојатно му повторуваше на судијата дека е убеден дека знае дека греши, но дека не сака да се исправи себе си, бидејќи мисли дека секогаш е во право.

-Не пости можност да беше аут, од вселената може да видиш дека е внатре-нагласи Троицки.

Потоа Србинот замина на клупа и рече дека ќе го предаде натпреварот, но продолжи да се расправа со судијата.

Бидејќи не можеше да го натера да го промени своето мислење, го поведе снимателот до спорното место, за да моментот го забележи камерата, а публиката го поздрави извикувајќи „Виктор, Виктор“.

Оваа претстава ги воодушеви и коментаторите, кои четириминутниот прекин го забележаа како најинтересен дел од натпреварот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех