Швајцарецот Рожер Федерер е првиот финалист на Вимблдон 2012, откако во полуфиналето го совлада минатогодишниот шампион Новак Ѓоковиќ со 3:1.
Доколку победи во финалето Федерер ќе биде број 1 на АТП листата од понеделник.
„Среќен сум, одиграв одличен меч, бев способен да одиграм извонредни поени, а и Новак одигра одлично но јас додав малку гас во третиот сет и имав малку среќа. Публиката беше одлична“, рече Федерер по натпреварот.
Во финалето ќе игра против Енди Мареј кој го совлада Џо Вилфред Цонга со 3:1, за кого ова ќе биде прво финале на лондонската трева и прво финале за еден Британец по 1938 година.