Објавени две нови книги од Максим Каранфиловски

Од:

Во издание на „Бата прес“ се објавени две книги од угледниот славист и лингвист, универзитетскиот професор Максим Каранфиловски. Станува збор за делата „Македонистика и славистика“ и „Полско-македонски разговорник“. Објавувањето на делата е со поддршка на Министерството за култура.

Во предговорот за „Полско-македонскиот разговорник“, авторот Каранфиловски, меѓу другото пишува дека „современиот живот и современите начини на комуникација носат и зголемена потреба од користење и на јазици кои ни се помалку познати или ни се сосема непознати. Не секогаш јазиците посредници од редот на големите светски јазици можат да помогнат. Во таквите ситуации се многу корисни прирачниците од типот на разговорници кои овозможуваат комуникација со соговорник“. Тој нагласува дека „Полска е докажан пријател на Македонија, голема земја со околу 40 милиони жители, со живи контакти со Македонија, а во последно време и со зголемен прилив на полски туристи. Во Полска на неколку универзитети се изучува македонскиот јазик, а во Македонија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ може да се студира полски јазик и литература на сите академски нивоа.“

„Македонистика и славистика“ содржи 39 труда од областа на македонистиката и славистиката кои се групирани во 4 целини: македонистика, македонистиката во странство, македонскиот јазик во споредба со другите словенски јазици и славистика. Најголемиот дел од трудовите се објавени порано во реномирани домашни и странски списанија или во зборници од научни конференции, симпозиуми и конгреси одржувани во нашата земја или во странство (Русија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, САД, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Украина, Јужна Кореја и други земји)“, пишува д-р Васил Дрвошанов, во рецензијата за делото.

Максим Каранфиловски е роден 1948 година во Скопје, каде што на Филозофскиот факултет во 1971 година дипломирал на групата за руски јазик и книжевност, а во 1973 година и на групата за македонски јазик. Магистрирал во Белград, а докторирал во 1992 година.

Бил професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а во 2008 година е промовиран за почесен професор на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Претседател е на Македонскиот славистички комитет од 2011 година, а по пензионирањето, покрај другото, преведува и современа руска книжевност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска