Концерт на „Интерфест“ со битолски камерен оркестар и солистот Булент Евцин

Од:

Фестивалот на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на битолскиот камерен оркестар и гостинот од Турција, познатиот музичар на флејта, Булент Евцин.

Концертот ќе се одржи во салата на битолскиот театар каде ќе бидат изведени дела од Хендл Вивалди, Бричалди и Чајковски.

Според фестивалската програма, до 12 октомври целовечерени концерти ќе одржат и македонските уметници Билјана Димовска, Татјана Божиновска, Зоран Сотировски, Владимир Саздовски и Иван Еминовиќ кои ќе настапат на 7. и 8. октомври, а до крајот на фестивалот освен македонски уметници, пред публиката во Битола ќе настапат и уметници од Албанија, Русија, Австрија и Казакстан.

За време на 29. издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ ќе се одржат две мајсторски школи кои ќе ги приредат Ајман Мусакаџајева потврдена УНЕСКО артист и професорка за виолина, професорот по труба, Васо Ристов и професорот за дувачки инструменти, Кирил Рибарски.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска