На товарен брод на кој вчера изби пожар, во пристаништето Ваканаи во Јапонија пронајдени се шест тела за кои се претпоставува дека се руски државјани.
На бродот имало дваесет и три члена на екипажот, Руси и Украинци, соопшти официјално лице на локалната канцеларија на крајбрежната стража, пренесе „Франс прес“.
– Пронајдовме шест тела и во тек е идентификација, изјави официјалното лице и додаде дека уште два члена од екипажот се здобиле со изгореници, но нивната здравствена состојба е стабилна
Локалните медиуми пренесоа дека се уште нема информации за причините на пожарот.
Елена Георгиевска