Американскиот претседател Барак Обама поседува имот во вредност од меѓу 1,85 и 6,88 милиони долари, од кои меѓу еден и пет милиони долари се во среднорочни хартии од вредност на Министерството за финансии, покажува финансискиот извештај објавен на веб страната на Белата куќа.
Обама и сопругата Мишел во април пријавиле бруто приход од 608.611 долари за минатата година, што е помалку од претходната, бидејќи приходите од продажбата на неговите книги бележи пад.
Како претседател Обама има право на плата од 400.000 долари годишно. Обама на име на хипотекарен заем за куќа во Илиноис пријавил меѓу 500.000 и еден милион долари.
Потпретседателот на САД Џозеф Бајден пријави имот во вредност од меѓу 439.031 и 1,7 милиони долари, покажува извештајот. Бајден поседува и финансиски обврзници меѓу 755.000 и 1,67 милиопни долари, вклучително хипотека меѓу 500.000 и еден милион долари.