Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи последниот концерт од циклусот „Лауреати“ во оваа концертна сезона.
Филхармонијата ќе настапи под диригентската палка на бугаринот Мартин Пантелеев, а во улога на солист ќе се појави еден од најистакнатите унгарски виолончелисти, Ласло Фењо.
На програмата се концертот за виолончело и оркестар од Антони Гвождак, а под водство на маестро Пантелеев оркестарот ќе ја исполни Фантастичната симфонија на Хектор Белиос.