Во Битола почна ново издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“

Од:

Со ликовна изложба посветена на „Македонско современо сликарство“ и познатата опера „Севилскиот бербер“ од Пучини, што ја изведоа уметниците од хорот, оркестарот и солисти на Националната опера и балет, во Битола почна 29-то издание на „Интерфест“.

Фестивалот на класична музика продолжува со традицијата, нема прекин, напротив квалитетна музика со познати светски уметници, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.

– Во Битола не приетигнаа единствено уметниците кои не добиле дозвола од матичните држави, а остатаните се тука и ќе настапат според утврдената програма. Продолжуваме со традицијата и не го прекинавме фестивалот во време на пандемија, туку донесовме имиња кои ќе презентираат квалитет. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, а и оваа година ќе имаме придружна програма, рече меѓудругото Шперовиќ Рибарски на свеченото отворање на „Интерфест“.

Под диригентство на Иван Еминовиќ, во „Севилскиот бербер“ во битолскиот Центар за култура, настапија солистите Марјан Јованоски, Билјана Јосифов, Дејан Стоев, Владимир Саздовски, Невен Сиљановски, Злата Тошевска и Драган Ампов.

Вечер на „Интерфест 2020“ во концертната сала на битолскиот Музеј ќе настапи ансамбл „Темпера Барок“ од Србија кои ќе исполнат дела од Учелини, Кастело, Фрескобалди и Габриели.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска