Културниот центар „Бран“ од Струга и Меѓународната ревија за литература „Бранувања“ денеска, во 12 часот, во Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржат настан – Послание за писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020).
На настанот ќе бидат промовирани двете постхумно издадени книги на Шипинкаровски, поемата „Обденица“ и збирката раскази „Вечен живот“. Во чест на Шипинкаровски ќе биде отворена и изложба на портрети и фотографии од насловните страници на списанието „Бранувања“ и ќе биде направен осврт за неговото творештво.
Организаторите ќе доделат и благодарници на поединци, медиуми, меѓу кои и на МИА, и институции што ги поддржуваат нивните активности.