Полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека е приведен осомничениот за пукотниците во неделата на парада за Денот на мајката, кога беа повредени 19 лица, вклучувајќи деца.
Властите соопштија дека 19-годишниот Ејкин Скот бил уапсен синоќа.
Портпаролката на полицијата рече дека засега не може да даде повеќе детали.