Полицијата во албанскиот пристанишен град Драч вчера доцна попладне заплени 458 килограми марихуана и уапси едно лице, јави дописникот на МИА од Тирана.
Дрогата била скриена во камион ладилник упаравуван од Љуљзим Ватај, кој веднаш бил уаспен.
Истата е откриена при конрола на камионот пред тој да влезе во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.
– Дрогата од типот камабис сатива беше откриена во дел од таванот на камионот, пакувана во 266 цилиндрични пакувања, се наведува во соопшението на полицијата.
Пред три дена полицијата во приморскиот град Валона заплени 900 килограми марихуана исто така наменета за италијанскиот нарко пазар, а во последните неколку дена во одделни акции зпаленети се приближно толкумарихуана како и десеттина килограми хероин, кои требало да завршат на грчкиот нарко пазар.