(ВИДЕО) Кузеска: Со повратот на туристичка такса за 2019 година, два милиони евра ќе се вратат кај 4.740 субјекти

Од:

„Во фокусот на четвртиот пакет мерки донесен од Владата предводена од СДСМ, е и поддршката со плати за туристичките водичи,како дел од еден од најпогодените сектори во кризата предизвикана од коронавирусот.

На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, а за секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определена е и мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.

Тоа значи дека 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„За секторот туризам обезбедени се и грантови за 500 туристички агенции во вкупна вредност од 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година.

Во четвриот пакет антикризни мерки предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%. Оваа мерка за којашто се потребни законси измени ќе започне од 1 јануари 2021 година, а нејзината цел е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој поединец, за секоја компанија погодена од глобалната здравствено и економска криза. Следува реализација на мерки и политики што обезбедуваат вистинска грижа за граѓаните и за македонската економија“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени