САД: Да се намали лимитот на алкохол кај возачите

Од:

Американската влада сака сојузните држави да преземат поглеми мерки за возење под влијание на алкохол, односно да го намалат лимитот за ниво на алкохол.

Во моментот е дозволено во крвта на возачите да има 0,9 грами алкохол по литар крв, но американската Национална управа за безбедност на сообраќајот смета дека тој треба да се намали на 0,5 грами, со што САД ќе стане еднаков со повеќето држави во светот.

Повеќе од 100 држави на земјата на шест континенти го ограничуваат дозволеното ниво на алкохол во крвта на возачите на 0,5 грами.

Секоја година алкохолирани американски возачи предизвикуваат речиси 10.000 смртни случаи и повеќе од 173.000 повреди, стои во соопштението на НТСБ.

И покрај тоа што во средината на девеестите години, се намали бројот на сообраќајни несреќи во САД, нивниот процент кога несреќите се предизвикани од пијани возачи е околу 30.

Во последните триесет години во САД, во сообраќајните несреќи кои што се доведуваат во врска со алкохол, загинаа 440.000 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина