Објавен антологиски избор од современата кинеска проза „Звукот на формирањето на солта“

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави антологискиот избор од современата кинеска проза со наслов „Звукот на формирањето на солта“, со поднаслов „Раскази на генерациите од постосумдесеттите години во Кина“.

Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина. Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и изучување на современата кинеска литература и општество.

Антологијата е отворен прозорец за надворешниот свет за делата на оваа генерација и за урбаниот живот на младите во современа Кина. „Постосумдесеттите“ го означува и животниот стил на оваа „нова генерација“ во урбаната Кина, која делумно се карактеризира со потрошувачка, хедонизам и потрага по космополитски идентитет во глобалната ера. Повеќето раскази се живописни прикази за овој животен стил. Книгата помага за разбирање на субјективноста и на начинот на живот на оваа кинеска генерација, односно на новата урбана генерација на Кина, се наведува во соопштението на „Македоника литера“.

Како што пишува во воведот, „терминот „постосумдесетти“ (80 хоу) е термин кој широко циркулира во кинеските медиуми, а се однесува на демографската група на родени по 1980 година, т.е. на генерациите кои израснале во периодот на `реформите и отворањето` на Кина. Овој термин во одредена мера има слична конотација како `генерација Y` на Запад. Оваа генерација на писатели се појави на книжевната сцена во последните десетина години, заедно со брзата комерцијализација на кинеските масовни медиуми и културни институции во постсоцијалистичката ера.“

Приредувачи на антологискиот избор се Генг Сонг, Ќингсианг Јанг, а преводот од англиски на македонски јазик е на Сибел Ајдинова.

Приредувачите се меѓународно водечки научници од областа на современата кинеска литература, културни студии и преведувачки студии. Генг Сонг е вонреден професор на Школата за кинески на универзитет во Хонг Конг, каде предава англиско-кинески превод и синологија. Автор е и уредник на повеќе книги, и на англиски и на кинески јазик. Ќингсианг Јанг е познат писател, литературен критичар и научник за современа кинеска литература во Пекинг. Тој е вонреден професор на Факултетот за слободни уметности на Универзитетот Женмин во Пекинг. Неговиот интерес за истражување се фокусира на т.н. генерација кинески писатели „пост1980-тите“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска