Париз: Жена нашла половина милион евра во визба од наследен стан

Од:

На дното од визбата од еден стан во Париз, во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра, во различни банкноти, а во понеделникот ги открила жена која го наследила станот и сакала да го продаде.

Куферот, според пишувањето на „Паризиен“, можно е да бил поврзан со случај на перење пари. Отворена е истрага за пронаоѓање на неговиот сопственик.

-Не сме завршиле со броењето. Но, има меѓу 500.000 и 600.000 евра, особено во апоени од 500, 100 и 50 евра, го пренесува својот извор парискиот весник.

Ова лето, педесетгодишната жена ја почнала продажбата на станот кој го наследила од нејзината мајка, лоциран во луксузниот седми арондисман во Париз, недалеку од Ајфеловата кула.

Таа задолжила агенција за недвижнини да го процени станот, но кога сакала да го измерат делот од визбата поврзан со имотот, проценителот наишол на врата со катанец. Во август била поставена белешка во влезот на зградата, за да се побара од евентуалниот „невнимателен сосед“ да ја ослободи визбата. На повикот немало никаква реакција, па новиот сопственик одлучил во понеделник да повика бравар. Во тој процес, проценителот го пронашол неверојатното богатство, што веднаш го пријави во полиција.

Истрагата ја отвори париското Обвинителство, а ја води Бригадата за финансиски истраги на париската судска полиција, специјализирана за случаи за перење пари и фалсификувани пари.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано