Припадниците на Армијата пуштени на домашно лекување по вчерашната сообраќајка

Од:

Ниту еден од повредените припадници на Армијата во вчершната сообраќајна несреќа не е задржан во штипската Клиничка болница. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска изјави дека сите повредени се испратени на домашно лекување.

Според лекарите кои вчера ги прегледуваа 16 припадници на Армијата, возачите на автобусот и на комбито се со телесни повреди, вообичаени набиеници и скршеници.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова истакна дека сега ќе се чека да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Несреќата се случи вчера пред седум часот на патот Радовиш-Штип кај местото викано „Осми километар“, при судир на автобус и комбе.

Припадниците на Армијата со автобусот патувале од Радовиш и Струмица, кон работните места во касарните во Штип и Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски