Џек Строу: Блокадата на турското членство во ЕУ е од верски причини

Од:

Поранешниот британски министер за надворешни работи Џек Строу упати остра критика на противењето за членството на Турција во Европската унија, изјавувајќи дека блокадата е верски мотивирана.

Според Строу, одредени европски земји се противат на пристапувањето на Турција кон Европската унија, бидејќи таа е муслиманска земја.

Строу нагласува дека блокадата за полноправно членство на Турција, во основа е поради „валканиот сојуз“ меѓу Германија, Франција и Кипар, наспроти тврдењата за географската позиција на земјата, бидејќи големиот дел од нејзината територија е на азискиот континент.

– Доколкустануваше збор единствено за „географскиот проблем“, тогаш не би имало начин Кипар или Малта да бидат вклучени во границите на ЕУ. Не станува збор за оправдување поврзано со географија, тукусо религијата, оцени поранешниот британски министер за надворешни работи во обраќањето на конференција во Анкара.

Постои двоен стандард, ако Турција се спореди со некои источноевропски земји, тогаш Бугарија и Романија влегоа во ЕУ од стратешки причини, иако сите знаеја дека тие не ги исполнија критериумите од Копенхаген, оценува поранешниот британски министер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп